Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Манџукиќ оваа сезона незаслужено се наоѓа на немилост на тренерот Маурицио Сари од непозати причини.
Хрватскиот интернационалец оваа сезона за Старата дама нема одиграно ни една минута, а последниот натпревар го одиграл на 19-ти мај во ремито со Аталанта 1:1.
Игнорирањето на Манџукиќ од новиот тренер на првакот на Италија наиде на негодување од најжестоките навивачи на Бјанконерите кај кои Манџукич има посебно место.
Капката која ја прелила чашата била кога сите во и околу клубот добиле покани за свечен прием по повод Божиќ, освен Манџукиќ.
Навивачите за време на натпреварот со Удинезе, кој Бјанконерите го решија во своја корист со 3:1, го скандираа неговото име и така му покажаа еден вид на поддршка.