Навивачите на Јувентус пресреќни: Роналдо е подготвен за Ајакс…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се повреди пред неколку дена во рамки на мечот од квалификации за ЕП против Србија.

Во прашање е повреда на задната ложа и од тогаш постојано се шпекулира дали првата ѕвезда на Јувентус ќе биде подготвена за првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс.

Италијанските медиуми пренесоа информации дека Роналдо закрепнал, но дека Алегри нема да го искористи утревечер против Милан. Сепак, позитивните информации за навивачите на Јувентус е дека сигурно ќе биде подготвен за првиот меч против Ајакс.

За потсетување, Португалецот речиси го однесе Јувентус во четвртфиналето бидејќи во реваншот од осминафиналето против Атлетико Мадрид постигна хет-трик. Неговото присуство сигурно ќе биде од големо значење за Јувентус во Амстердам.

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид оваа сезона одигра 36 натпревари, запиша 24 погодоци и додаде 12 асистенции.