Навивачите на Ливерпул фрлија несреќен старец во фонтана (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва се игра големиот спектакл на „Камп Ноу“ меѓу Ливерпул и Барселона, а се очекуваат многу возбудувања во вечерашниот меч.

Голем број навивачи на Ливерпул пристигнаа во Барселона, па уште од вчера ги окупираа градските плоштади, односно предизвикаа голем страв кај локалното население и туристите.

Еден од туристите нема по добро да ја памети средбата со хулиганите од Ливерпул. Постариот господин стоеше пред фонтаната, а навивач на Ливерпул без милост го турна во неа.

Најлошо беше тоа што овој негов потег беше поздравен од останатите. Насилникот беше награден со овации и насмевки, додека несреќниот човек се обидуваше да излезе од водата.