Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потпретседателката на англиски Вест хем има несекојдневен план, но тешко дека ќе биде остварен. Керен Брејди кажа дека сезоната во англиската Премиерлига треба да се поништи поради пандемијата на коронавирусот.
Фудбалската Асоцијација реши во петок да се запре првенството на неодредено време, а Брејди смета дека истото треба да се поништо, што најтешко би му паднало на Ливерпул, кој е на праг да ја освои првата титула по 30 години.
„Што има врска што лигата не може да заврши? Треба да ја поништиме целата сезона. Водството на Премиерлигата смета дека период од три недели е доволен за да се продолжи натпреварувањето, но тоа е далеку од реалноста. Ако не се игра, тогаш првенството е завршено“, порача таа.