Навивачите на Ливерпул разочарани со изгледот на дресот за наредната сезона (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул наскоро би можел да го смени спонзорот за опрема, зашто на крајот на наредната сезона им завршува договорот со компанијата „Њу Баланс“.

„Црвените“ не покажаа интерес да ја продолжат соработката со нив и најверојатно ќе потпишат договор со „Адидас“ наредната сезона, иако не се исклучува можноста да договорат соработка и со „Пума“.

Во јавноста се појави изгледот на дресот на Ливерпул за наредната сезона, кој не ги воодушеви навивачите на клубот. Тие порачаа дека „Њу Баланс“ воопшто нес е потрудил околу дизајнот и намерно го уништиле дресот.

Дури почнаа и петиција за дизајнот да не се разгледува бидејќи имало поубави дресови во претходните сезони.