Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Навивачите на Милан најавија дека ќе го напуштат Сан Сиро по 15 минути игра во натпреварот против Монца следната сабота. Ова ќе биде последното коло од италијанската Серија А. Милан во минатото коло загуби од Рома со 3:1 на гости и така се прости од сите шанси за настап во Европа следната сезона.
„Ќе се движиме од Casa Milan до стадионот Сан Сиро, каде што ќе поминеме првите 15 минути. Сакаме да се чујат нашите гласови. Потоа ќе ги оставиме играчите и управата, нека останат сами во својот срам. Со почит кон сите, повикуваме на собирање што повеќе навивачи оваа сабота,” се наведува во соопштението на ултрас групата Curva Sud.
Навивачите на Милан беа многу критични кон управата на клубот, предводена од директорот Гери Кардинале, иако Милан оваа сезона освои еден трофеј – италијанскиот суперкуп. Но, среде сезона беше сменет тренерот Пауло Фонсека и донесен Серџо Консесao, кој не се покажа како значително подобрување. Така, Милан нема да оди во Европа првпат по сезоната 2019/2020.
Фото: Принтскрин