Навивачите на Милан „упаднаа“ во вилата на Берлускони, тој истакна дека ништо не му е јасно


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа во Милано се одвиваше вистинска драма кога животот на Силвио Берлускони е во прашање.

Сопственикот на Милан позади себе имаше бесна ноќе поради тоа што во неговата вила „упаднаа“ најжестоките навивачи на Милан, популарната “Курва суд“. Изреволтираните навивачи анонимно организираа протести пред неговата вила во Милано, но мораа и да влезат внатре во куќата и во дворот.

Навивачите се незадоволни поради работењето на Силвио Берлускони кој екипата во надолно патување ја доведе до просечна италијанска екипа од некогаш најсилен тим на светот.

Истотака, навивачите на Росонерите се незадоволни поради тоа што тие моментално не се упатени во работењето на Берлускони со потенцијалните купувачи кои стигнуваат од Кина.

Но, најтрофејниот претседател во историјата на фудбалот имаше своја реакција на тоа. На општо вчудоневиденост, Силвио Берлускони пријде на сите навивачи со цел да разговара.

Имено, Берлускони сам потврди дека и на него не е јасно што се случува со кинеските бизнисмени, и дека не знае на што се кога е во прашање продажбата на Милан.