Навивачите на Милан зачудени поради начинот на кој Бобан дознал за отказот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фудбал Италија“ објави дека Звонимир Бобан останал без работа откако јавно ја критикувал управата на Милан. Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ имаше негативни коментари за извршниот директор Иван Газидис.

Легендарниот хрватски фудбалер беше на функција на спортски директор, но по јавните критики клубот реши да му се заблагодари на соработката. Но навивачите се изненадени поради начинот на кој добил отказ.

Италијанските медиуми објавија дека Бобан добил дека е отпуштен преку писмо. Тие очигледно не сакале да имаат состанок со него или да разговараат, па на „лесен“ начин се „откачиле“ од Хрватот.

Проблемот се создаде кога клубот реши да го ангажира Ралф Рагник, кој од следната сезона ќе го води клубот, а ќе ја извршува и улогата на спортски директор.