Навивачите на Наполи посакуваат Игуаин да ги скрши двете нозе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе е јасно дека Гонзало Игуаин во ова лето ќе стане фудбалер на Јувентус и само е прашање на денови и часови кога тоа ќе се официјализира.

Навивачите на Наполи се бесни на Игуаин, кој до вчера беше нивен најголем љубимец.

Преминот во редовите на лутиот ривал нема да му го простат, а ќе биде интересно како ќе го дочекаат кога Старата дама ќе гостува во Неапол.

До каде оди нивната омраза кон Игуаин доволен е доказ и најновата песна која ја осмислија.

Најверните приврзаници на Наполи му посакаа на Игуаин да ги „скрши двете нозе“, а таа “задача“ ја поставија пред новиот дефанзивец на својот клуб Лоренцо Тонели, кои со песна порачаа што треба да му се случи на Аргентинецот. Вппомем, Гонзало Игуаин денеска го пропушти денешниот тренинг на Наполи…