Навивачите на Њукасл го изнервираа Роналдо, а неговата реакција стана хит! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа одиграа 1-1 против Њукасл на „Сент Џејмс парк“ во рамки на 19. коло од Премиерлигата.

Њукасл одлично го отвори натпреварот и постигна гол во седмата минута преку Сент-Максимин, по што домаќините до крајот на мечот имаа уште неколку добри шанси да ги освојат трите бода, но Јунајтед сепак се спаси од пораз.

„Црвените ѓаволи“ ги спаси резервниот напаѓач Едисон Кавани, кој во 71. минута погоди за 1-1 и така му донесе бод на тимот.

Кристијано Роналдо одигра цел натпревар, но беше надвор од препознатливата форма, па делуваше изгубено на теренот.

Неколку пати беше нервозен, а во 57. минута направи жесток прекршок за кој доби само жолт картон, иако лесно можеше да го исклучат.

При загревањето навивачите на Њукасл го исмејуваа и се радуваа поради тоа, а Роналдо на крајот покажа колку му пречеше нивниот потег.