Навивачите на ПСЖ му порачаа на Погба: Послушај ја мајка ти!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навивачите на ПСЖ не го сакаат Пол Погба во нивниот тим, иако во медиумите се шпекулира дека францускиот репрезентативец ќе се пресели кај парижаните.

Дел од навивачите на францускиот тим му порачале на Погба дека не го сакаат во тимот и тоа со транспарент на улиците на главниот град на Париз.

„Погба, послушај ја мајка ти. Таа не те сака тука, а не те сакаме ниту ние“, беше пораката на навивачите на францускиот гигант.

Погба никогаш не играше во Лига 1, а од младинските селекции на Авр се пресели во Манчестер јунајтед, по што играше и за Јувентус.

Французинот се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но тоа никогаш не се оствари.