Навивачите на Тотенхем во шок: „Хари Кејн вечерва ќе игра против Ајакс“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем вечерва ќе играат во гости против Ајакс на реванш натпреварот во полуфиналето на Лигата на Шампионите.

Во првиот натпревар кој се одигра минатата седмица во Лондон, Ајакс славеше со минимална победа со резултат од 1:0 и така оствари добар резултат за вечерашниот реванш во Амстердам.

Сигурно е дека Ајакс е најголемата сензација во текот на оваа сезона во Лигата на Шампионите и тие се на многу добар пат за да се пласираат во финалето. За Тотенхем најголем проблем се повредените играчи, односно отсуството на напаѓачот Хари Кејн.

Кејн се повреди уште на натпреварот против Манчестер Сити и според прогнозите ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Меѓутоа, навивачите на Тотенхем денеска ги шокираше новинарот Џим Уајт кој на Твитер објави дека Кејн вечерва ќе игра на натпреварот.

„Од сигурносни извори овде во Амстердам, дознав дека Хари Кејн вечерва ќе игра на натпреварот. Најверојатно нема да започне уште во почетокот, но најверојатно тој е спремен барем да одигра половина час од натпреварот“, објави Уајт.

Оваа вест со сигурност ги израдува навивачите на Тотенхем бидејќи Кејн замина на пат со својот тим во Амстердам без разлика на тоа што е повреден. Но сигурно позади сето ова се крие лукав план од страна на Покетино.

Дали Кејн со сигурност ќе биде конкуренција на натпреварот ќе знаеме за неколку часа. Да се потсетиме, натпреварот помеѓу Тотенхем и Ајакс ќе се одигра вечерва во 21:00 часот.