Навивачите останаа без зборови кога дознаа кое е вистинското име на Хари Мегваер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не е омилен меѓу навивачите поради лошите настапи во последно време, па затоа тој се пресели на клупата, но сега англиските медиуми пишуваат за неговото вистинско име.

Иако сите го познаваат како Хари Мегваер, сепак Хари му е средно име, додека неговото целосно име е Џејкоб Хари Мегваер, но од детство го нарекувале Хари.

Поранешниот дефанзивец на Лестер минува низ голема криза и се надева дека ќе успее да ја надмине бидејќи наскоро доаѓа Мундијалот во Катар и мора да биде подготвен.

Селекторот Герет Саутгејт кажа дека му е потребен Мегваер, иако не е прв избор кај Ерик Тен Хаг, но до Мундијалот остануваат уште два месеци, па ќе видиме дали нешто ќе се промени.