Навивачите разочарани: Федерер нема да добие улица во Базел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери во историјата, а во својата богата кариера освои над 100 титули, меѓу кои 20 беа на гренслем-турнирите.

Базел има трамвај кој го носи името на Федерер и дел од жителите побараа легендарниот швајцарски тенисер да добие улица, но тоа нема да се случи.

„Политиката на Базел е таква што само починати луѓе може да имаат плоштад или улица именувани по нив“, велат од градот.

Федерер го одигра последниот турнир во Лејвер Купот во Лондон на крајот на септември, а ќе остане запаметен засекогаш по неговите одлични настапи во долгата и богата кариера.