Навивачите во паника: Дончиќ се повреди, „ЕСПН“ откри каква е неговата состојба (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар и една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата сезонава, Лука Дончиќ се повреди синоќа во мечот меѓу Далас маверикс и Мајами хит, но очигледно не е ништо сериозно.

Дончиќ по само минута ипол на паркетот го свитка зглобот на десната нога откако незгодно стапна на еден кошаркар на Мајами и веднаш го напушти теренот.

Поради тоа што повредата изгледаше страшно и Дончиќ со болна гримаса го напушти паркетот, навивачите беа многу загрижени, но од Далас порачаа дека постои надеж дека повредата не е сериозна.

Од друга страна, „ЕСПН“ откри дека ренгенската снимка која ја направил Дончиќ по излегувањето од теренот покажала дека нема никаква скршеница.

Дончиќ по излегување од салата не сакаше да зборува за медиумите, но затоа пред камерата застана неговиот соиграч Тим Хардавеј, кој постигна 28 поени.

„Лука очигледно е голем дел од тимот. Не е лесно да го видиме во ваква состојба. Сепак, се надевам дека брзо ќе се врати“, порача тој.