Навивачот кој беше удрен од Нејмар стравува за својот живот: „Ми се закануваат по живот, не сум излегол од дома 7 дена“


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Првата звезда на Парижаните и на бразилската репрезентација ја шокираше јавноста на финалниот натпревар во Купот на Франција на кој се сретнаа екипите на ПСЖ и Рен кога за време на качување по скалите удри еден навивач.

Позади Нејмар како и позади ПСЖ, слободно можеме да кажеме дека е сезона за заборав. Повеќе од пола ја помина надмор од теренот, а причина за тоа се многубројните повреди.

Најскапиот играч во историјата на клубот во Паркот на Принцовите се врати во финишот на сезоната, тој настапи во финалето на Францускиот Куп против Рен, кој изненадувачки го изгуби после изведувањата на пеналите. После тоа, за време на свечената церемонија на која се доделуваат медалите, тој нападна навивач кој цело време му дофрлувал и го провоцирал.

Француската јавност маваше „со дрво и со камен“ по Бразилецот, а сега по прв пат се огласи и нападнатиот навивач, Марко Нелсон.

„Сакам да ја споделам мојата приказна за да им одговорам на оние луѓе кои мислат дека сакам да заработам од овој скандал. Не! Не заработив ниту едно единствено евро. Да сакав, ќе го тужев играчот, но несакам. Денеска живеам во страв од малтретирање и сакаат да ме наместат дека сум го навредувал Нејмар на расистичка основа. Луѓето ја споделуваа мојата адреса на која живеам на социјалните мрежи, едноставно се отиде предалеку. Не сум излегол од дома веќе една недела, а кога ќе излезам никогаш не излегувам сам. Сакам да се најдам со Нејмар, да зборуваме и да ги смириме работите. Сакам да прошетам по улица, а да не бидам во страв дека ултрасите на ПСЖ ќе ме нападнат“, изјави Нелсон.