НБА чекаше вакво нешто 60 години: Дончиќ застана „рамо до рамо“ со Чемберлен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно беше незапирлив во победата на Далас маверикс против Торонто репторс со 111-110.

Дончиќ постигна 35 поени, осум скокови и шест асистенции и беше најзаслужен за победата на Далас, додека мора да се каже дека му помагаше Спенсер Динвиди со 21 поен, а на спротивната страна Ануноби постигна 27 поени.

Словенецот со овој меч влезе во историјата на НБА-лигата и го повтори успехот на Вилт Чемберлен кој на првите осум меча постигнал над 30 поени.

Такво нешто на Чемберлен му успеа во сезоната 1959/60, а потоа го повтори тоа и во сезоната 1962/63 кога на првите 23 меча постигна над 30 поени во секој од нив.