НБА го прифати законот: Ирвинг на секој домашен меч ќе губи 380.000 долари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека околу 90 отсто кошаркари се вакцинирани, но постои дел од нив кои одбија тоа да го направат.

Еден од нив е Кајри Ирвинг, кој вчера дозна дека НБА-лигата ги прифатила законите за вакцинацијата и поради тоа ќе губи многу пари.

НБА-лигата се договори со Унијата на кошаркари дека тие кои ќе одбијат да се вакцинираат, нема да може да играат домашни натпревари, а притоа нема да добиваат ниту пари.

Ирвинг, ако не се вакцинира, на секој домашен натпревар на Бруклин ќе губи по 380.000 долари.