Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра најдобра сезона во својата НБА кариера – со трипл-дабл против Мемфис испиша историја и постигна резултат за кој години ќе се зборува. Никола Јокиќ е првиот центар кој цела сезона во НБА лигата одигра со трипл-дабл просек, му недостасуваат уште 47 поени за просек од 30 поени во сезоната.
Поради овој неверојатен резултат, се огласи и НБА лигата. Направија компилација од дури пет минути со најдобрите кошеви што ги постигна српскиот кошаркар оваа сезона. Тука се карактеристичните шутеви од една нога, погодокот преку речиси целиот терен, пробивање до кошот преку противничките играчи кои го чуваат во рекет…
“Откако стана третиот играч во историјата на НБА лигата со трипл-дабл во сезоната, гледаме неговите најдобри поени во историската 2024/25 сезона“, стои на профилот на најсилната кошаркарска лига на светот. Погледнете како Јокиќ ги мачеше противниците во НБА лигата во текот на целата сезона.
🃏 NIKOLA JOKIĆ’S BEST BUCKETS 🃏
— NBA (@NBA) April 12, 2025
After becoming the 3rd player in NBA history to average a triple-double, we take a look at his best buckets from an all-time 2024-25 campaign 🌟🌟🌟 pic.twitter.com/UO09iCvw1q
Фотографија: Принтскрин
.