НБА-лигата наскоро ќе почне истрага против Ембид!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот наскоро треба да почне истрага против Џоел Ембид поради неговата одлука да пропушти голем број натпревари.

Ембид нема да биде подготвен за почеток на новата сезона, соопшти Филаделфија. Сепак, самиот кошаркар пред стартот кажа дека не планира да игра на сите дуели зашто сака да биде подготвен за плејофот.

Американските медиуми пишуваат дека НБА ќе почне истрага за да провери дали Ембид навистина не е подготвен за настап, зашто на кошаркарите не им е дозволено да пропуштаат дуели освен ако не се повредени.