Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА-лигата решаваше за изгледот на логото и соопшти дека нема да го менува во чест на Коби Брајант и покрај големиот број на барања од страна на навивачите.
Цел свет тагува по големата загуба на легендарниот кошаркар, па тие направија многу мурали во негова чест, а сметаа и дека НБА треба да го промени логото во негова чест, сепак такво нешто нема да се случи.
„Дури и големиот Вест по загубата на Коби кажа дека нема ништо против да се смени логото во чест на легендата на Лос Анџелес Лејкерс“, откри дизајнерот Ален Сигел.
Меѓутоа, НБА реши дека не сака да го промени логото затоа што тие сметаат дека не постои интерес „поединци да бидат на логото, зашто постојат многу луѓе кои биле важни за напредокот на лигата“.