НБА-лигата отвори истрага против Бруклин - позната е причината!

Американските медиуми пишуваат дека НБА-лигата почнала истрага против Бруклин нетс поради околности од мечот против Милвоки (122-144).

Бруклин би можел да добие казна затоа што искористил мал број кошаркари на паркетот, а притоа во ротација не биле четирите најголеми ѕвезди на тимот.

Целта на НБА-лигата е да не се повторуваат вакви ситуации затоа што навивачите плаќаат високи цени за билети.