НБА-лигата сака да добие шампион и има план!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека НБА-лигата сака актуелната сезона, која беше прекината поради вирусот Ковид-19, да заврши и да се прогласи шампион.

НБА е прекината на средината на мај, кога позитивен на коронавирусот беше Руди Гобер. Големо прашање е на време кога натпреварите ќе почнат да се играат затоа што има многу заразени луѓе во САД.

Лигата веќе размислуваше за опциите како да заврши сезоната, па имаше предлог да се играат сите натпревари во еден град.

„Многу се решени да имаат шампион. Сите опции се во игра“, кажа неименуван извор за „Њујорк пост“.

Постои можност плејофот да биде скратен и да се играат на две или само на една победа, но засега не е ништо сигурно.