Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА-лигата направи прв чекор кон враќање на терените. Од први мај ќе им дозволи на клубовите да ги отворат салите за тренинг, иако ќе служат само за индивидуален тренинг, а не за групни тренинзи.
Освен тоа, оваа дозвола се однесува само на клубови во државите чии локални власти ги намалија мерките за заштита од пандемијата на вирусот.
Сепак, клубовите не смеат да инсистираат кошаркарите да доаѓаат на тренинзи, туку само ја отвораат вратата за тие што сакаат да го направат тоа, а сите групни активности и понатаму се забранети. Овој потег не мора да значи ништо, па нема никакви гаранциидека НБА-лигата наскоро ќе продолжи.
Натпреварувањето во најсилната кошаркарска лига е прекинато на 11 март пред мечот меѓу Јута Џез и Оклахома Сити, кога беше објавено дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус.