Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неймар е во центарот на вниманието поради бурна реакција.
Неймар беше главниот актер по реваншот од осминафиналето на Купот на Бразил помеѓу Ремо и Сантос, што го одбележаа големи тензии на теренот и надвор од него.
Неймар прво влезе во игра во второто полувреме, асистираше на Рони за победата и конечен резултат 1:0 и пласман на Сантос во следната рунда.
По тоа, следуваа провокации, на кои Нејмар одговори со праќање бакнежи кон трибините, а потоа влезе во жестока расправија со играчите, стручниот штаб, дури и со претседателот на ривалот.
Тоа не беше крајот на инцидентите, бидејќи навивачите на Ремо потоа го опколија возилото на Неймар на паркингот и го залулаа, па беше неопходна интервенција на обезбедувањето.
Да потсетиме, Неймар неодамна потврди дека нема да игра повеќе за репрезентацијата на Бразил, а најави и потенцијален крај на кариерата по истекот на договорот со Сантос во декември оваа година.
⚡️ Neymar во целосен крах по победата на Сантос против Ремо во Купот на Бразил и сето тоа пред… стручниот штаб, играчите И претседателот на ривалскиот клуб.
Сцената е едноставно неверојатна 😳 pic.twitter.com/lpRdx69mZU— RMC Sport (@RMCsport) 5 Август, 2026
















