Нејмар го промаши невозможното, па влезе во жестока кавга со своите навивачи и ги навредуваше (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шокантни сцени беа видени на стадионот „Вила Белмиро“ по ремито на Сантос и парагвајскиот Депортиво Реколета (1:1) во второто коло од групната фаза на Копа Судамерикана. Во главна улога беше никој друг освен Нејмар, кој по натпреварот влезе во отворена конфронтација со своите навивачи.

Незадоволни од изведбата на тимот, навивачите на Сантос со лавина навреди ги дочекаа играчите покрај аут-линијата, а „десетката“ на бразилскиот тим не сакаше да молчи. Пред да застане пред камерите на ТВ станицата ESPN, Нејмар со гест на рака навести навивачите да молчат, а потоа се обиде да го оправда неуспехот.

– Во право си… Сега си среќен? Јас сум размазен? Давам сè од себе овде. Еве, ќе ти дадам твоите пет минути слава – порача видливо разочараниот Бразилец пред конечно да го напушти теренот.

.