„Не би се изненадил ако ова му биде последен договор на Јокиќ“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го продолжил договорот со Денвер нагетс на уште пет сезони, па така ќе остане во тимот до 2028 година, а многумина сметаат дека потоа ќе ја заврши кариерата во НБА-лигата.

Јокиќ за тие пет сезони ќе добие 264 милиони долари, а со останатите две години од актуелниот договор му следат повеќе од 300 милиони.

„Не би ме изненадило ако ова е последниот НБА-договор во кариерата кој го потпишал. Да биде јасно, ова не е некоја вест. Само го споделувам моето мислење за нешто што се зборуваше претходно“, вели американскиот новинар Адам Мареш.