„Не би се изненадил ако Роналдо се врати во Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хозе Фонте вели дека можното враќање на Кристијано Роналдо во редовите на Реал Мадрид не треба никого да изненади. Португалецот ги напушти „кралевите“ пред две години и замина во Јувентус, но сега повторно ги разгледува опциите за неговата иднина.

Шпанска „Марка“ објави дека Роналдо нема да се врати во Мадрид, но Фонте не смета така.

„Знам дека тој го сака Реал Мадрид. Тоа е сигурно. Остави многу пријатели таму и отворена врата, па не би се изненадил ако се врати во клубот“, кажа Фонте.

Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, но се претпоставува дека италијанскиот клуб нема да му прави проблеми доколку Португалецот покаже желба да ја промени екипата.