Не бил само Дејвис: Реал сака уште еден фудбалер на Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид на лето планира да ангажира сериозни засилувања и да го создаде најмоќниот тим во историјата на фудбалот, а веќе наводно ги договорил Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис, а сега Флорентино Перез сака уште еден фудбалер на Баерн Минхен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за 21-годишниот Џамал Мусиала, кој е на радарот и на Манчестер сити, Ливерпул и Челси.

Мусиала не сака да го продолжи договорот со германскиот тим затоа што гледа идеална шанса да замине во друг гигант.

Реал Мадрид би можел да плати околу 93 милиони евра за трансферот на Мусиала, но повеќе детали се очекуваат во следниот период.

Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 28 меча за баварскиот тим и постигна девет гола и четири асистенции.