Не бил само Мбапе: Друг човек на подмолен начин го измамил Реал Мадрид

Ѕвездата на францускиот гигант ПСЖ, Килијан Мбапе летово имаше понуда од Реал Мадрид, но сепак реши да остане во Париз.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека е измамен поради потегот на Мбапе, па сега не сака да тргне по потписот на Французинот кој кажа дека не е среќен во ПСЖ.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе не е единствен кој го измамил Реал Мадрид, туку тоа го направил и Луис Кампос.

Познатиот спортски работник имал договор со шпанскиот шампион за преземање на позицијата на спортски директор, но потоа се појавил ПСЖ.

Парижаните испратиле понуда каква што не се одбива и му ветиле огромна моќ, па затоа Кампос се преселил во ПСЖ.