Не е наивна повредата, Баjи e во болница


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баји, синоќа беше примен во болница, откако во два наврати доби удари во главата во текот на натпреварот со Челси во полуфиналето на ФА Купот.

На крајот од првото полувреме, Баји беше изнесен од теренот на носилки со маска со кислород. Тој прво се судри со играчот на Челси, Курт Зума, но се врати на теренот по укажаната помош.

„Ерик е во болница и оди на сите рутински прегледи и протоколи. Тој исто така има исеченици на главата“, рече тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Тој доби силен удар од неговиот соиграч Мегваер во продолжението на натпреварот, откако двајцата скокнаа во борба за топката со Жиру. Баји стана после тоа, но сепак отиде во аут линија, каде што беше сместен на носилки и доби кислород.

Мегваер беше прегледан, му беше ставен завој и продолжи да игра.

Манчестер Јунајтед не успеа да се пласира во финалето на ФА Купот, бидејќи загубија од Челси со 1:3 на Вембли.