Не е само Погба, Мурињо цели уште две засилувања!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не е тешко да се претпостави дека Португалецот не е задоволен….

Додека се чека доаѓањето на Пол Погба кој и понатака е во Америка и треба многу брзо да стане играч на Ѓаволите и да се приклучи на екипата, Мурињо пробува пробува стартот на сезоната да го дочека спремен.

Поточно, првиот меч е дуелот со шампионот Лестер кој традиционално ја отвора сезоната во прашање е Комјунити Шилд, но шампионатот почнува за две недели.

Веќе се знае дека Јунајтед преговара со Монако околу Бразилецот Фабињо кој е иделно решение за десен бек, но Мурињо бара нов стопер.

Леонардо Бонучи е невозможна мисија, едноставно Јувентус е невозможно да попушти, освен ако стигне понуда од 60 милиони евра, Сити се двоуми и се сврти кон Стоунс.

Од друга страна, реални мети се сонародникот на Мурињо Фонте кој игра за Саутемптон и пружи одлични партии на ЕП, како и Аргентинецот Езеквел Гарај кој веројатно секое лето во оваа деценија се доведува во врска со Манчестер Јунајтед.

Да потсетиме во клубот стигна Бејли од Виљареал, но очигледно на Мурињо му е потребен уште еден искусен стопер со цел да ја затвори последната линија.