Не е се во парите: Пеле дозна разочарувачки вести


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Грациано Пеле се одлучи да ја напушти екипата на Саутемптон и свијата кариера ќе ја продолжи во далечната Кина.

Пеле во минатата недела официјално потпиша договор со Шандонг Луненг, и стана шести најплатен фудбалер на светот.

Сепак, овој потег веројатно ќе го чини место во репрезентацијата на Италија, а тоа го потврди и новиот селектор на Аѕурите.

„Играчите кои ќе играат во репрезентацијата мораат да бидат на врвно ниво. Фудбалот во Кина не е фудбал. Во Кина е 50 % фудбал, а 50 % пари. Што се однесува до Пеле го одигра последниот меч во дресот на Италија на ЕП. Единствено ако се врати во Европа тогаш повторно ќе има шанса да заигра за репрезентацијата“, рече Џампјеро Вентура.

Истата работа ја напреди пред неколку години Алесандро Дијаманти кој беше стандарден репрезентативец, но се одлучи на заминување во Кина после што повеќе никогаш не доби повик.