Не ги задржа солзите: Голманот на Арсенал беше емотивен по освоениот ФА-куп (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Асенал синоќа го освои ФА-купот, откако во финалето го совлада Челси со 2-1. Секако, по крајот на натпреварот следеше доделувањето на трофејот, како и солзи кај голманот Емилијано Мартинез.

По 10 години во клубот, шест позајмици, Мартинез доби шанса на голот на „топчиите“ по повредата на Бернд Лено, па синоќа беше дел од победничкиот тим.

За Мартинез, од сите фудбалери на Арсенал, најмалку се знае и зборува, но синоќешниот трофеј за негобеше посебен. Па така, едвај успеа да даде кратка изјава по мечот.

Мартинез пристигна во клубот како 17-годишно момче и го напушти своето семејство и Аргентина, а една деценија подоцна доби шанса меѓу стативите.