Не го заборавил учителот: Меси ќе плати четири милиони евра за да го спаси Роналдињо од затвор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдињо ги помина најдобрите денови од неговата кариера во Барселона, кога шанса во првиот тим доби Лионел Меси.

Меси не заборава што направил Роналдињо за него кога му помогнал да се пробие на големата сцена.

Бразилецот во моментов се наоѓа во затвор во Парагвај, откако е обвинет за фалсификување на пасош, па му се заканува затвор до три години, но Меси решил да му помогне, па ќе се обиде да го извлече.

Наводно, Меси ангажирал адвокатски тим за Роналдињо, па подготвен е да плати дури четири милиони евра за да го спаси Бразилецот од затвор.