Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер Мајами загуби од Атланта со 2-5 во МЛС-лигата, а на натпреварот го немаше аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.
Екипата на Меси постигна два гола, но беше ужасна во одбраната, па така Атланта замина на полувреме со водство од 3-1.
На натпреварот не беше присутен ниту Жорди Алба, а Серхио Бускетс сам не можеше ништо повеќе да направи.
Интересно е тоа што Интер Мајами претходно славеше со 4-0 против Атланта во натпреварот во кој играше Меси и постигна два гола.