Не ми е сеедно што рекордот е срушен


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Имено, Меси со погодокот против Венецуела успеа да го изедначи рекордот на Батистута кој со години беше најдобар стрелец во историјата на Аргентина со 54 погодоци.

“Морам да признаам дека не ми е сеедно што мојот рекорд е срушен, но ако некој го заслужува тоа, тогаш тоа е Меси. Немам зборови, тој навистина е од друга планета”– изјави Батистута.

Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе игра против САД и тоа ќе биде прилика за Меси да постигне нов погодок и да избие осамен на чело на оваа листа.