Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Лидс, Виктор Орта зборуваше за иднината на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој му беше прво засилување откако пристигна во тимот.
Англиските медиуми објавија дека Алиоски по завршување на договорот ќе си замине од Лидс, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Галатасарај, но преговорите не течат во најдобар ред.
Орта со неговата последна изјава кажа дека многу работи се промениле и постои шанса Алиоски да остане и следната сезона во дресот на премиерлигашот.
„Не можам да ви потврдам дали Џани ќе остане или ќе замине. Неговиот договор е до 30. јуни. Тој ја разбира нашата позиција, а јас ја разбирам неговата. Во последните два дена имавме навистина добар разговор. Му поставив три прашања, а неговите одговори ме направија среќен. Се останува на него, тој треба да реши што во новата сезона. За него имам само пофални зборови. Во последните 10 натпревари тој практично беше без договор, иако формално го има…Тие 10 натпревари ги одигра така што јас сум навистина горд на него“, изјави Орта.