„Не можам да верувам дека Арсенал се откажа од врвен напаѓач како Обамејанг“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона го понижи Реал Мадрид во „Ел Класико“ со 4-0, а два гола постигна искусниот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.

Фудбалерот од Габон досега постигна девет голови за Барселона, а новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Арсенал, Микел Артета.

„Уште еден одличен натпревар за Обамејанг. Од преселбата во Барселона тој е најубиствениот голгетер во светот, со секој постигнат гол ја прави одлуката на Арсенал да го пушти уште повеќе апсурдна. Работа на тренерот е да менаџира со големите таленти и да го извади најдоброто нив. Уживам во она што го прави Обамејанг во дресот на Барселона, но и сум бесен и не ми се верува како Арсенал толку лесно се откажа од напаѓач од светска класа“, вели Морган.