Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекцијата на Уругвај го освои првото место во групата откако синоќа со минимални 1-0 го совлада Чиле.
Така Уругвајците со првото место одат во 1/4 финалето во Копа Америка, а јунак на синоќешната победа беше Едисон Кавани кој во 82. минута постигна гол на овој меч.
Но, после натпреварот во центарот на вниманието беше Луис Суарез поради неверојатен потег. Тоа се случи во 22. минута кога Суарез побара пенал бидејќи голманот на Чиле играше со рака.
Овој детал ги насмеа сите, а сигурно и Суарез сфати што направи.
Откако голманот на Чиле го одбрани неговиот удар, Суарез веднаш сигнализираше пенал, но многу брзо сфати дека тоа е голманот на Чиле, на кому му е дозволено да игра со раце во својот казнен простор.