Не можеше без да опцуе: Мијаловиќ жестоко го критикуваше Јувентус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Болоња се бори за опстанок.

Додека Јувентус практично ја осигура осмата титула за првак во Италија, во Серија А ќе се води голема битка за Лигата на Шампионите и за опстанок.

Бјанконерите овој викенд изгубија од СПАЛ, на тој натпревар Максимилијано Алгери ги одмараше своите најдобри играчи и им даде шанса на неколку млади таленти од вториот состав.

Одлуката која ја донесе тој не наиде на оправдување од страна на клубовите кои се во опасната зона. Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ жестоко го критикуваше Јувентус.

„Многумина ќе се сложат со тоа што ќе го кажам, а многумина и нема. Ако играте против стартерите на Јувентус, тоа е добро. Ако играте против резервите на Јувентус кои можат да бидат стартери во било која друга екипа и тоа е добро, но ако Јувентус на теренот изнесе некои играчи од Примавера Лигата или некои кои играат во Серија Ц, тогаш тоа не е праведно!“, рече српскиот стручњак и се надоврза:

„Тоа ми се чини дека е неправедно. Мислам дека Јуве нема проблеми со играчкиот кадар. Тоа беше работа која не ми се допадна, но знам дека нив не ги боли к*р за тоа. Италијанскиот фудбал е таков“.

Болоња го завзема 17етото место бидејќи вчера гостуваше кај Фиорентина и освои еден бод. Натпреварот заврши 0:0.