Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо одби неверојатна понуда од кинески Гвангжу Евергранде, а како причина за тоа го спомена семејството, поради кое не сакал да го менува европскиот животен стил.
Гвангжу по доминацијата во првенството, ја загуби титулата и сега сака да се врати на тронот, но и да ја освојат третата титула во Азија.
Првиот чекор требаше да биде Мурињо, кој ќе го заменеше Фабио Канаваро, но тоа нема да се случи.
Кинезите се обиделе да го примамат Мурињо со понуда од 100 милиони долари за три години, па така Португалецот ќе станеше рекордер, но тој ја одби понудата.
Мурињо чека понуда од Европа, кадешто сака да работи во амбициозен клуб.