Не му оди најдобро: Роналдињо дозна лоши вести од адвокатот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Роналдињо веќе 10 дена се наоѓа во затвор во Парагвај поради фалсификување на документи.

Роналдињо и неговиот брат заминале во Парагвај со лажни пасоши, а набрзо биле уапсени во хотел. Веќе некое време се наоѓаат во затвор и им се заканува затвор до шест месеци.

Поранешниот најдобар фудбалер во светот е главна атракција во затворот, а дури играше и на турнир на кој триумфираше неговиот тим.

Сепак, бразилските медиуми објавија дека Роналдињо добил лоши вести од адвокатите, кои понудиле 1,7 милиони евра како кауција за да биде пуштен Бразилецот.

Роналдињо не добил одобрување за кауција, па ќе мора да почека до судењето и таму неговиот адвокат ќе мора да докаже дека не е виновен.