Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Струга Трим Лум игра против Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига и се надева на нов триумф и пласман во плејофот на натпреварувањето.
Напаѓачот Марјан Радески вели дека се мотивирани пред мечот против тимот од Луксембург.
„Работиме напорно, мислам дека сум повторно стариот играч, уживам со соиграчите и постигнувам голови. Нè чека тежок меч, но одиме на победа. Мотивирани сме максимално и веруваме во нашите квалитети“, вели Радески.
Првиот меч меѓу овие екипи се игра утре од 17 часот.