Нè очекува жешко лето: Барселона плаќа 82 милиони евра за голгетер на Арсенал


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Барселона планира летово да пазари во Англија, а на нивната листа со желби се наоѓа името на напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет, кој би можел да се пресели во Каталонија за 82 милиони евра.

Каталонците бараат голгетер, односно фудбалер, кој би му бил конкуренција на Луис Суарез, а откако се откажаа од Лука Јовиќ, изборот падна на Лаказет, зашто не е сигурно пристигнувањето на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.

Раководството на Барселона верува дека Французинот би бил иделна замена за Суарез, кој има 32 години и полека се бара негов наследник.

Лаказет сезонава постигна 18 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања за Арсенал.