Не отишол на стоматолог, па исфрлен е од тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кршењето на дисциплината обично клубовите го казнуваат со кратење од платите на своите фудбалери, но Шалке отиде чекор понатаму.

Мароканскиот репрезентативец Хамза Мендил е префрлен во Б тимот на Шалке откако не отишол на стоматолог на закажаниот преглед, тврдат германските медиуми.

Мендил требало да оди на преглед на забите. Шалке се договориле со стоматологот кој поради работното време морало да остане подолго на клиниката.

Меѓутоа овој 21-годишен лев бек воопшто не се појавил во закажаното време. Работата да биде полоша ниту клубот не го информирал, а ниту лекарите дека нема да дојде на прегледот.

Поради ваквото однесување клубот под казна го пратил во Б тимот со објаснување дека ја прекршил клупската дисциплина.

Од Шалке порачаа дека ваквото однесување е неприфатливо и поради тоа е казнет да тренира со резервите.

Инаку, Мендил оваа сезона во сите натпреварувања запиша вкупно 16 настапи.