Не сака да работи како тренер: Роналдо откри што ќе стане по пензионирањето

Кристијано Роналдо, познатиот португалски репрезентативец, изјави дека по крајот на својата фудбалска кариера нема намера да влезе во тренерските води.

Во пресрет на неговиот 40. роденден, Португалецот е свесен дека неговата импресивна кариера се ближи кон својот крај. Прашањата за неговите планови по пензионирањето се природни и очекувани.

Роналдо рече дека нема интерес за тренерската работа, но му е привлечна идејата да биде сопственик на фудбалски клуб.

„Мислам дека би имало повеќе смисла за мене да бидам сопственик на клуб, отколку да станам тренер. Имам интерес за тоа, и тоа би било следниот чекор по моето пензионирање“, изјави Роналдо.