Не се сите исти: Преубава руска манекенка го „откачила“ Кристијано Роналдо (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Руската манекенка Викторија Одинцова тврди дека на Инстаграм ѝ пишал фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, но таа не му одговорила ништо.

Одинцова реши да раскаже приказна во која е вклучена ѕвездата на Јувентус, а потоа докажа дека не е како останатите со тоа што го игнорирала.

„Тоа беше одамна, но се сеќавам дека Роналдо ми пиша: Здраво, како си? Ја избришав пораката и не одговорив. Секако дека не му дадов шанса. Знам некои девојки на кои им пишал, па едвај дочекаа да се видат со него. Но мене не ми падна на памет да трчам по него“, вели манекенката.

Сепак, Одинцова призна дека разговарала со Нејмар и Луис Хамилтон, но немало ништо посебно меѓу нив туку тие се само пријатели.