Не се сомневајте во моќта на Бепе Марота! Дали играч на Челси ќе премине во Јуве?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Состанокот со агентот официјално е закажан, остануваат дваесетина дена да се убеди Челси да го продаде српскиот играч.

Се знаеше дека Јувентус со трансфер на Гонзало Игуаин дека немаше да запре и дека за крај на преодниот рок ќе купи и дека ќе го претстави наследникот на Пол Погба и така ќе стави точка на преодниот рок каков што во Торино со години се чекаше.

Се шпекулираше со многу големи имиња, од Аксел Витсел, преку Блез Матуиди, до Немања Матиќ, од почетокот на летото се знаеше дека навистина  и единствена и вистинска желба на Старата дама беше Нејмања Матиќ.

Но, Антонио Конте два пати рече – НЕ. Витсел потоа излезе како прво име, поради тоа што Пари Сен Жермен упорно бараше 40 милиони евра за Матуиди. Меѓутоа, наместо рутински разговор со Зенит преговорите стигнаа до ќорсокак, од кој изгледа не може да се излезе.

На претставнците на италијанскиот шампион поради тоа им се смачи, па се одлучија да закажат официјален состанок со менаџерот на Немања Матиќ и да им ја претстави богатата понуда која спремија, јавува влијателната телевизија Медиасет.

Ова ќе биде најголем предизвик за Бепе Марота. Многу пречки има на патот до реализација на толку посакуваниот трансфер, но не треба да се сомневаме во преговарчките можности и способности на еден од најдобрите светски клупски емисари.

Во случај Марота да успее да ги убеди менаџерите на Матиќ дека е она што Старата дама нуди доволно добро, ќе следи далеку потешкиот дел од работата – за Конте да даде зелено светло за реализација на трансферот.

А тоа нема да биде ниту малку лесно, посебно бидејќи поранешниот италијански селектор веќе го обележа Матиќ како важен шраф во амбициите на Челси да се вратат во врвот на Англија.

Но, ако некој може да направи чудо на пазарот тогаш е тоа Марота. Доволно е да се види колку зделки заврши тој во сите овие години, а дека само во ова лето ги доведе во Јувентус Дани Алвеш, Миралем Пјаниќ, Мехди Бенатија, Марко Пјаца и Гонзало Игуаин, и тоа после сериозни препирања со Наполи.

Ако оваа зделка успешно ја заврши Јувентус ќе биде апсолутен крал на преондиот рок.