Не се „спаси“ само со суспензија: Баерн му изрече жестока парична казна на Мане!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го казни Садио Мане, кој се степа со Лирој Сане по поразот од 0-3 од Манчестер сити во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Билд“ пишува дека Мане ќе биде суспендиран привремено од екипата и нема да игра на натпреварите, а ќе мора да плати и парична казна од 500.000 евра.

Мане ќе го пропушти следниот натпревар против Хофенхајм во Бундеслигата и засега не е познато кога ќе се врати на теренот.

Сане го навредил Мане за време на натпреварот, по што сенегалскиот напаѓач ги загуби нервите и го удри во устата во соблекувалната.